Поранешниот светски тениски рекет број еден Шпанецот Рафаел Надал, многу тешко успеа да избори полуфинале на Австралија опен. Тој во четвртиналето се намачи со Канаѓанецот Дени Шаповалов и го совлада дури после пет сета (6:3, 6:4, 4:6, 3:6, 6:2).
Но, победата на Шпанецот падна во сенака на расправијата на Шаповалов со судијата.
Шаповалов по губењето на првиот сет се постави за сервис на почетокот од вториот, но не беше задоволен што Рафа се уште не беше подготвен. Затоа се обрати до судијата Карлос Бернардес.
–Поминаа 25 секунди и тој сè уште не е подготвен за игра. Одбројувањето го започнавте толку одамна, тој сè уште не е подготвен. Мора да го предупредите, рече Шаповалов при приближувањето кон Бернардес.
Потоа се врати на сервис линија, но повторно почна да се жали.
–Тој не е подготвен за игра! Што мислиш дека не сум подготвен да играм?
– Дојдовте до крај кај мене, одговори судијата на столчето, што го полуде канадскиот тенисер.
-Навистина, ме зезаш? Вие сите сте корумпирани, вие сите сте криминалци, се слушна како Шаповалов му довикнува на судијата, додека Надал беше изненаден од се што се случува од другата страна на теренот.