Мората како позајмен

83

Второпласираниот тим во Примера дивизион, Атлетико (М), е на добар пат да ги осигура услугите на шпанскиот интернационалец од редовите на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Алваро Мората.

Англиските медиуми ја пласираа информацијата дека преговорите помеѓу двата клуба се во завршна фаза и дека поранешниот напаѓач на Јувентус и Реал (М) до крајот на актуелната сезона ќе настапува како позајмен играч на “Ванда Метрополитано”.

Испразнетото напаѓачко место во Челзи ќе биде пополнето од аргентинскиот интернационалец Гонзало Игуаин.