Поранешниот американски амбасадор во Белград, Вилијам Монтгомери денеска оцени дека дијалогот во рамките на Европската Унија доживеал целосно фијаско и дека тоа не е само прашање на Заедницата на српските општини, туку и забраната за употреба на динарите, преземањето на власта во општините на северот од Косово.
Тој за РТС изјави дека Албин Курти, презел многу провокативни чекори, дека ЕУ и САД вербално го покажале својот гнев, но без конкретни остри мерки.
„Ако некој е способен да го промени тој статус кво, тоа ќе биде (новоизбраниот американски претседател Доналд) Трамп“, смета Монтгомери, додавајќи дека Трамп ќе има побалансиран пристап.