“МОНСТРУМ ” ЗАТВОРЕН ЗА ЈАВНОСТА:Косово не ги дава Демири и Исмаиловиќ обвинети за петкратното убиство

36

 

Судијата Огнен Ставрев, денес во Кривичниот суд  ја отстрани јавноста, односно новинарите од судницата на прдолжението на случајот Монструм бидејќи се читаат телефонски разговори и СМС пораки разменувани меѓу обвинетите по петкратното убиство кај Смилковското Езеро, а кои докази се обезбедени со ПИ мерки.

Судијата на реагирањто на новинарите посочи дека негова законска обврска е да ја исклучи јавноста, но не кажа по кој член на Законот се повикува на тоа.

Претходно на почетокот на судењето Стратев рече дека по последното барање поднесено до Минситерството за правда од 21.12.2018 до каде е барањето за екстрадиција Алил Демири и Африм Исмаиловиќ од Косово, но дека од министерството нема добиено конкретен одговор бидејќи нема повратна информација од Косово.

За убиството на момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Фејзи и Хаки Азири и Сами Љута, но Врховниот суд ги укина пресудите и случајот минатата годна почна од почеток, откако го презеде СЈО.