„Христијанството во црногорскиот духовен и културно-историски идентитет“ е насловот на монографската студија во два тома на македонскиот медијавелист Илија Велев, која неодамна излезе од печат во издание на „Матица црногорска“.
-Овој обемен проект претставува интердисциплинарно истражување за автохтоната генеза и етнографската еманципација на црногорскиот духовен и културно-историски идентитет. Истражувањето на историскиот континуитет го следи развојот на христијанството низ сите цивилизациски надградби и глобални процеси во епохите, почнувајќи од античкиот или родуклијански субјективитет и завршувајќи со црногорскиот национален колективитет на почетокот на 20 век. Изданието расветлува малку познати и непознати процеси и периоди, а истакнува неколку истражувачки одговори на досега нерешени прашања во црногористиката – соопшти „Матица црногорска“.
Првиот том е со поднаслов „Од појавата на христијанската религија, цивилизација и култура до падот на династијата Воислављевиќ во 1189 година“ и содржи шест поглавја на 368 страници. Во вториот том, со поднаслов „На раскрсницата на христијанскиот запад и исток од почетокот на 13 век, до самракот на државата Црна Гора во 1920 година“, опфаќа 468 страници, заедно со пет поглавја, список на литература, а дадена е и био-библиографија на авторот.
Ова двотомно дело е пишувано во изминатите три години и е продолжение на црногорските теми на проф. д-р Илија Велева, по неговата прва книга „Македонија и Црна Гора – културно-историски и литературен контекст“ од 2021 година, во издание на „Матица црногорска“ и Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).