Монако му пресуди на Партизан

72

По се изгледа на кошаркарите на Монако одлично им лежи белградската арена „Александар Николиќ“. Францускиот тим, кој е предводен од македонскиот тренерски тандем Филиповски – Митев, прво ја совлада екипата на Црвена звезда, во рамки на главната фаза од УЛЕБ Еврокупот, а овој пат беа подобри во дуелот против Партизан со 72:68 во осмина – финалето од ова натпреварување.

Најефикасен во победничкиот тим беше Николиќ со 16 поени, Лендејл постигна 14, додека на спротивната страна Џонс забележа 16 коша.

Во следното коло повторно се среќаваат овие две екипи, но на теренот на францускиот претставник.