Ако се суди според понуденото од претходните 12 натпревари, тогаш големи возбудувања и драма до последниот судиски свиреж се очекува и на денешните последни шест натпревари од првото коло во најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони.
Меѓу фаворитите за драгоцениот трофеј сигурно е и каталонскиот гигант Барселона кој авантурата на европската клупска цена ја стартува со дуелот против домашниот тим на Барселона.
Избраниците на Хасни Флик ќе мораат да ја оправдаат фаворитската улога без помошта на најзвучното летно засилување, Дани Олмо, а нова одлична партија се очекува од Јамал Ламина кој е незапирлив во Ла Лига.
-Јас не се плашам од ниту еден противник, но имам голем респект кон еден од најголемите клубови во светот. Сите ја знаат Барселона. Го имаат Роберт Левандовски во нападот, одлично го познавам од времето кога играше во Бундеслигата. Исто така го имаат и Ламине Јамал, кој постигна два гола на последниот натпревар. Има совршена лева нога, талентиран млад фудбалер. Не сакам да го заборавам ниту Дани Олмо, ниту Рапфиња, изјави тренерот на Монако, Ади Хутер.
Убедливо, најпеколна атмосфера се очекува на белградска „Маракана“ каде што српскиот преставник, Црвена Звезда, ќе се обиде да го изненади португалскиот гигант Бенфика.
Голем број на погодоци се очекува во Бергамо, каде што калчолигашот Аталанта ќе го нагости лондонскиот премиерлигаш Арсенал и во Ротердам каде што на програма е дуелот помеѓу Феенорд и Баер од Леверкузен.
Денеска на програмата: Црвена З. – Бенфика, Аталанта – Арсенал, Феенорд – Леверкузен, Атлетико (М) – РБ Лајпциг, Брест – Штурм, Монако – Барселона.