EPA-EFE/Georgia Panagopoulou

Саша Обрадовиќ повеќе не е тренер на Монако. По поразот во домашното првенство од Ле Ман, челниците на клубот од Кнежевството решија дека е време да се збогуваат со Србинот, а како што пренесува познатиот сајт „Јурохапс“, Монако веќе го решил прашањето за неговиот наследник.

Според нивните информации, на клупата доаѓа легендарниот Василис Спанулис. Гркот остави белег во Евролигата како играч и сега ќе има можност да остави белег и како тренер. Тој го предводеше јуниорскиот тим „Некст ген“, специјално составен за натпреварувањето во Еворлигата за таа возрасна група, а потоа две сезони го водеше Пестери, а лани истовремено го презеде кормилото на грчката репрезентација.

Тимот од Кнежевството во моментов е седми во Евролигата, со учинок од шест триумфи и четири порази.