Момчето се сети што бил во минатиот живот: „Знаеш, мамо, умрев во 1993 година во пожар!“

19037

Иако приказната е всушност стара неколку години, британскиот таблоид „Сан“ штотуку се сети на Лук Рухлман, момчето кое го запрепасти светот тврдејќи дека многу добро се сеќава кој бил во минатиот живот.

А тоа момче од Синсинати еднаш на својата мајка, Ерика, и кажа дека некогаш бил Пем Робинсон, Афроамериканка која загинала во 1993 година за време на пожарот во хотелот Пакстон во Чикаго.

Лук првпат ја спомнал Пем кога имал само две години и рекол дека умрел и отишол во рајот.

“Го видов Бога, а тој ме турна назад и повторно се разбудив како бебе. Тогаш ме нарековте Лук”, ѝ рекол малото момче на својата вџашена мајка Ерика, по што жената почнала да истражува.

И навистина, таа набрзо откри дека Пем Робинсон е една од 19-те жртви на пожарот во споменатиот хотел во Чикаго, а Лук потоа раскажа колку добро се сеќава дека починал откако скокнал од зградата.

На неверојатната приказна Ерика додаде дека нејзиниот син често откривал детали од наводниот претходен живот.

На пример, раскажувал дека во минатото имал црна коса, ги препознал обетките што некогаш ги поседувал како девојче и со текот на времето почнал да покажува склоност кон свирење на клавијатури и слушање на Стиви Вондер. Со други зборови, се тоа кое некогаш го сакала покојната Пем Робинсон.

Случајот на Лук потоа ги заинтерира продуцентите на шоуто „Духот во моето дете“, кои му поставиле интересен тест.

Имено, тие на малото момче му покажале страница полна со фотографии од девојчиња со темна кожа во триесеттите години и го прашале дали може да се препознае.

Погодувате, Лук го впери прстот кон Пем Робинсон при првиот обид!

Семејството на починатата Пем се согласи да и помогне на Ерика Рухлман да направи паралели, но таа никогаш не застана пред камерите.