Моментално активни се 8 пожари, екипите се повлекуваат се до утре изутрина

53

ЦУК информира дека новопојавените денешни пожари во најголем дел се изгаснати, но има 3 од денешните, што се уште се активни заедно со тие што во последното деноноќие беа 5 активни, а сега во моментот се 8.

Конкретно тие се во Општина Неготино с.Кањалево, Општина Ново Село Огражден, Гевгелија -кон Кожуф,Прилепско – село Црнилиште, Штипско меѓу селата Драгоево и Селце и дополнително од денеска од повечето новопојавени се уште се активни три пожари на отворено во
Општина Конче с.Горно И Долно Лаповиќ, Општина Велес с.Јаболчиште Општина Штип помеѓу с.Драгово и Селце.

Дел од силите се се уште на терен, но како паѓа ноќта се повлекуваат, а некаде според процена на пожарникарите ќе се остават дежурни екипи превентивно.

Последните два извештаја пристигнати во ЦУК, вечерва во моментот, се за пожарите во Општина Конче и за Општина Гевгелија.

При пожарот на отворен простор кај селата Горни и Долни Липовиќ Општина Конче, гори сува трева, грмушки , прнар, ниско стеблеста шума, бор и друга вегетација. Интервенирале: ТППЕ Радовиш 10 пожарникари, 2 пп возила, доброволци 20, Доброволно ПП друштво (ДПД) „Гори’ 6. Дел од пожарот е локализиран, а дел сеуште е активен.
Екипите ќе се повлечат а интервенцијата ќе продолжи во утринските часови.

Шумскиот пожар помеѓу с.Негорци и с.Кованец, Општина Гевгелија, е локализиран и е под контрола. Во текот на денот интервенирале ТППЕ Гевгелија со 5 пожарникари и 15 од ЈП МШ ПШС Кожув. Интервенцијата ќе продолжи во утринските часови.

Во период по 23.00 до 24.00 во ЦУК ќе има дел од дневните извештаи, а утре од 06.30 па до 7/8.00 часот ќе има стигнати извештаи речиси за целосен биланс, според извештаите што дополнително ќе пристигнат за пожарите на отворено.

ЦУК им благодари на медиумите за нивниот придонес за брзо и правовремено информирање во интерес на безбедноста на граѓаните.