Молдавија рече „не“ на референдумот за ЕУ: Први резултати од изборите

438

Граѓаните на Молдавија на референдумот не гласаа за влез на републиката во ЕУ. По обработката на 30 отсто од гласачките ливчиња, 56 отсто биле „против“, додека 43 отсто гласале „за“, соопшти Централната изборна комисија.

Денеска заедно со референдумот за пристапување на Молдавија во ЕУ се одржаа и претседателските избори. Според прелиминарните податоци, актуелната претседателка Маја Санду води со 33 отсто од гласовите, откако се обработени 14 отсто од гласачките ливчиња.

На второ место со 30 отсто поддршка се најде поранешниот државен обвинител Александар Стојаногло. Лидерот на Нашата партија, Ренато Усати, ја затвора првата тројка со 15 отсто од гласовите. Паралелно со изборите се одржа референдум на кој граѓаните требаше да одговорат на прашањето: „Дали поддржувате промена на Уставот за Република Молдавија да влезе во Европската Унија?“.

Доколку референдумот биде успешен, преамбулата на Уставот ќе биде дополнета со зборовите „се потврдува европскиот идентитет на народот на Република Молдавија и неповратноста на европскиот курс на Република Молдавија, прогласувајќи ја интеграцијата во Европската унија како стратешка цел на Република Молдавија“.

Основниот закон ќе биде дополнет и со нов дел во кој се вели дека пристапувањето на Молдавија кон основачките договори на ЕУ ќе се определи со парламентарен закон. Овие договори и правни акти „ќе преовладуваат над сите спротивставени одредби од домашното право“.