Рускиот возач во Формула 1, Сергеј Сироткин, истакна дека негова цел е да се врати назад во најбрзиот „циркус“ на денешницатана, откако по само една извозена сезона беше отпуштен од Вилијамс. Тој имаше тешка дебитантска 2018 сезона со неконкурентниот болид на Вилијамс, со кој успеа да освои само еден бод, за разлика од неговиот поискусен колега, Ленс Строл, кој освои шест. Тимот заврши на дното на поредокот и за оваа сезона ги промени двајцата возачи. Сироткин најде место во серијата на издржливост каде ќе вози за неговите поддржувачи СМП Рејсинг, но призна дека цел му е да се врати во врвот на моторспортот.
- Главна цел за мене е да се вратам во Формула 1. Се уште е рано да се каже и да се пресмета колку е тоа возможно. Моја наредна дестинација се трките во издржливост, но со мислите секогаш ќе бидам во Ф1 болидот, истакна Сироткин.