Челниците на првиот грен слем турнир Австралија опен, девет месеци пред почетокот, размислуваат да го одиграат турнирот без публика. Според извештајот на светските медиуми Австралија уште сега се подготвува турнирот да биде одржан без присувство на навивачи.
Не е познато кога ќе запре пандемијата на коронавирусот и затоа целата натпреварувачка сезона е под голем знак прашање.
Многу луѓе од светот на тенисот коментираа дека не гледаат оти ќе се игра тенис оваа година, што во овој момент е сосема исправно размислување, бидејќи никој не се подготвуваше за вакво нешто.
Сите спортови зависат од публика, а тенисот посебно зашто организаторите живеат од продажба на билети, купување на сувенири, ресторани, шопинг молови и се што се наоѓа во внатрешноста на комплексот.
Заради овој факт Австралија опен веќе прави планови за 2021 година, односно бара начин на кој би можеле да извлечан најголема финансиска корист.