Може да прави сè што сака, но направи голема грешка

152
during the Premier League match between Liverpool and Leicester City at Anfield on September 10, 2016 in Liverpool, England.

Јурген Клоп одби да го води својот тим на реванш дуелот од англискиот ФА Куп против екипата на Шрузбери.

  • Пред две недели им кажав на моите момци дека ќе имаат зимска пауза, а тоа значи дека нема да бидат во комбинација за тој натпревар. Знам дека мојот потег нема да наиде на одобрување, но јас стојам на мојот збор. Премиер лигата побара од нас да ја почитуваме паузата и ние тоа ќе го направиме. Ако ФА не се секира, ние не можеме да влијаеме на тоа. Ќе повторам уште еднаш, момците нема да го одиграат тој натпревар, изјави Клоп и го исполни даденото ветување.

За Ливерпул играа фудбалери кои се дел од младинскиот тим, но истите забележаа минимална победа од 1:0, а во менаџерското столче седеше предводникот на резервниот тим, Нил Критчли.

Голем беше бројот на тие кои го критикуваа потегот на германскиот стручњак и истиот го опишаа како непочитување кон натпреварувањето. Еден од пожестоките критичари беше поранешниот репрезентативец на Англија и коментатор на Би-Би-Си, Алан Ширер.

  • Можам да ја сфатам поентата дека неговите фудбалери го користат најавениот одмор. Клоп е менаџер и има право да одлучи кои фудбалери ќе бидат во комбинација за натпреварот, но јас не мислам така. Мораше да биде на „Енфилд“, требаше да биде на зелениот терен за да им даде поддршка на младите фудбалери, изјави Ширер.

Претходно, Германецот се жалеше на згуснатиот распоред во Премиер лигата, а поддршка доби и од менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, кој изјави дека е најдобро да се укине едно натпреварување.