Може да дивее, но мора да остане ѕвер

50

Откако пред три години, на сензационален начин, ја освои шампионската титула во англиската Премиер лига, тимот на Лестер и во актуелната сезона е вистински хит. Популарните „лисици“ се третопласирани со два бода помалку од второпласираниот Манчестер Сити, но со осум бода повеќе од четвртопласираниот Челзи.

Голема заслуга за одличните резултати има и младиот играч за врска, Џејмс Медисон, кој на одиграните 30 натпревари постигна девет погодоци и запиша три асистенции.

Овој 23-годишен репрезентативец на Англија е чест гостин во најпознатите ноќни клубови во Англија, но таквиот начин на живот не му пречи на менаџерот на Лестер, Брендан Роџерс.

  • Мене не ми пречи тоа што тој се забавува. Нека се забавува колку што сака, само нека остане таков ѕвер каков што е на секој тренинг и на секој натпревар. Има луѓе кои сакаат да го претстават каков што не е во вистинскиот живот. Јас добро знам за каков играч станува збор. Џејмс е вистински професионалец кој е фокусиран на фудбалската игра и кој сака да биде уште подобар. Тоа може да се види на секој натпревар. За мене е фантастичен, а надвор од зелениот терен е шармантно момче кое многу го почитувам. Ако сте дете кое има седум или осум години, тогаш сигурно сакате да бидете како Џејмс Медисон, изјави Роџерс.