Може во Реал (М), но за 230 мил. евра

81

Актуелниот светски и европски клупски шампион, тимот на Реал (М), ќе мора да одвои рекордни 230 мил. евра, доколку сака во своите редови да го има и данскиот интернационалец од тимот на Тотенхем, Кристијан Ериксен.

Така тврди шпанскиот весник “Марка”, откако беше пласирана информацијата дека такво побарување до “кралскиот клуб” има испратено сопственикот на лондонскиот премиерлигаш Даниел Леви.

  • Ако го сака Реал (М), тогаш ќе мора да постават нов рекорд, биле зборовите на Леви кој и во минатото соработуваше со шпанскиот клуб при трансферите на Лука Модриќ (35 мил. евра) и Герет Бејл (100 мил. евра).

Моментално, епитетот за најскап реализиран трансфер е во сопственост на бразилскиот интернационалец Неимар, кој беше купен од ПСЖ за 222 мил. евра.

Пред неколку дена, англиските медиуми пишуваа дека “кралскиот клуб” е подготвен да одвои околу 100 мил. евра за услугите на Ериксен, но таквата понуда тешко дека ќе биде прифатена од “петлите”.

Данскиот интернационалец веќе доби понуда за продолжување на соработката која му гарантира неделна плата од 200.000 евра, но одличниот играч за врска не сака да ја пропушти големата шанса да заигра на “Сантијаго Бернабеу”.

До пред една година, Ериксен беше желба и на каталонскиот гигант Барселона, но шампионот на Шпанија ги осигура услугите на бразилскиот интернационалец Филипе Кутињо, а интерес за неговите услуги покажа и германскиот бундеслигаш Баерн (М). Ериксен се пресели во Лондон во 2014 година откако Ајакс го прифати понуденото обесштетување од 12 мил. евра. Дресот на Тотенхем го има носено на 251 натпревар на кои има постигнато 62 погодоци и има запишано 78 асистенции.