Модните експерти советуваат – оваа боја ќе биде хит на сезоната!

171

Модните експерти се согласни – „беж“ бојата е хит на сезоната, а предност е во тоа што на сите им стои добро!

Модната недела во Њујорк ја обележаа нијанси на беж боја, како на, така и надвор од модната писта. Поради оваа причина, модните експерти се согласуваат дека токму тоа е бојата што ќе ја одбележи сезоната.

Предноста на оваа боја е што добро им одговара на сите, таа е безвремена и „класична“, така што со никогаш не можете да згрешите. Во оваа боја секогаш ќе изгледате префинето.

Сега е време да се купи облека во земјани и неутрални тонови и добро е што овие нијанси никогаш не излегуваат од мода, така што нема шанси во сезоната што доаѓа да бидете демоде.