Кога летово дојде во Баерн (М), многумина беа скептични дека ќе може да продолжи да игра на светско ниво, но ескпресно ги демантираше и најголемите скептици.
Натпреварот од 6. коло во најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони, помеѓу екипите на Баерн (М) и Шахтјор заврши со убедлив триумф на германскиот бундеслигаш од 5:1.
Сепак, по натпреварот, фудбалската јавност и навивачите најмногу зборуваа само за еден играч на Баерн (М), поточно за неговите потези на зелениот терен. Сосема заслужено, сите погледи беа насочени кон крилниот напаѓач, Мајкл Олисе, кој постигна два гола на „Алијанц арена“.
Французинот, роден во Лондон, најпрвин погоди од белата точка во 70. Минута, а потоа направи „велеслалом“ низ одбраната на Шахтјор.
Се играше третата минута од судиското надополнување кога Олисе ја зеде топката и „нанижа“ неколку играчи на украинскиот преставник лесно погодувајќи за 1:5.
По натпреварот за неговиот гол проговори и тимскиот соиграч Конрад Лајмер.
„Имав чувство дека со својот дриблинг помина дури десет играчи. Изгледаше како во Марио Карт кога добиваш ѕвезда и никој не може да те допре“, изјави австрискиот интернационалец.
Кога е во прашање актуелната сезона, Олисе постигна четири гола и запиша една асистенција на шест натпревари во Лигата на шампионите.
Французинот не игра лошо во првата сезона во Бундеслигата, каде на 13 натпревари постигна пет гола и додаде пет асистенции.
Младинскиот погон помина низ дури три гиганти – Арсенал, Челзи и Манчестер Сити, а последните години од младинскиот период ги помина во Рединг, од каде во 2021 година за девет милиони евра премина во Кристал Палас. После три години во лондонскиот премиерлигаш беше купен од Баерн (М) за Баерн за 53 милиони евра.