Модерна доби целосно одобрение од ФДА за употреба на вакцина против Ковид

65

Фармацевтската компанија Модерна објави дека добила целосно одобрение од американската Администрација за храна и лекови (ФДА) за употреба на вакцината против коронавирус кај лица постари од 18 години.

Вакцината била одобрена за итна употреба уште во декември 2020 година, а Модерна во август минатата година објави дека процесот на аплицирање за целосно одобрување на вакцината е завршен.

Вакцините Фајзер и БиоНТек добија целосно одобрение во САД минатата година.

Вакцината на Модерна е одобрена за употреба во повеќе од 70 земји, вклучително и Канада и членките на Европската унија.