Многу силен и најдлабок во поновата историја: Земјотрес со јачина од 7,1 степен ги погоди Филипините

556

Силен земјотрес со јачина од 7,1 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди југозападниот регион Сангај на Филипините.

Земјотресот се случил во заливот Моро, јужно од Минданао, на длабочина од 620 километри, околу 2:13 часот по локално време, соопшти Геолошкиот институт на САД.

Во моментов нема извештаи за жртви или материјална штета.

Ова е најдлабокиот земјотрес во поновата историја, веројатно очекуваме нови разорни земјотреси.

Да потсетиме дека неодамна силен земјотрес со јачина од 5,36 степени според Рихтеровата скала ги погоди Филипините во раните утрински часови.

Според EMSC, земјотресот се случил околу 01:25 часот на островот Минданао.

Епицентарот на земјотресот тогаш бил на длабочина од 46 километри.