Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски синоќа на Фејсбук објави дека е позитивен на коронавирусот, а деновиве тој имаше набиена агенда со настани на кои учествуваше.
-Почитувани, би сакал да ве информирам дека и покрај строгото почитување на мерките коишто ги превземам за моја лична и заштита на луѓето околу мене од почетокот на пандемијата, вечерва добив позитивен резултат за Ковид 19, напиша Спасовски синоќа на својот ФБ профил.
Спасовски завчера учествуваше на редовниот конгрес на СДСМ на кој беше заедно во партиското седиште во затворена просторија со премиерот Зоран Заев, генералниот секретар Љупчо Николовски, Радмила Шеќеринска…
Вчера, министерот Спасовски, заедно со премиерот Зоран Заев и министерот за земјоделство, соработници, дипломати засадија 75 дрва. Според објавените фотографии, на сите Спасовски носи маска.