Многу играчи на Сити се пијанчеа и имаа секс со жените

148
epa10122623 Manchester City and French soccer player Benjamin Mendy leaves Chester Crown Court in Chester, Britain, 15 August 2022. Mendy is facing trial for eight counts of rape, one count of sexual assault and one count of attempted rape, relating to seven women. Mendy denied accusations and has pleaded not guilty to all counts. EPA-EFE/PAUL CURRIE

Бенаџамин Менди во мај по три години се врати на зелениот терен. Францускиот лев бек потпиша за Лориен во летото 2023 година, но оваа пролет неговиот тим испадна од Лига 1. Менди забележа 15 настапи, постигна два гола, запиша исто толку асистенции,одигра 708 минути, но сепак беше на удар на навивачите. . Навивачите на Лориен му викаа на Менди да си замине од клубот и дека е силувач откако клубот испадна во втора лига, а сезонава воопшто не игра.

Пред неколку дена Менди реши да откри што мисли за својот поранешен клуб Манчестер Сити, кој го избрка од „Итихад“

„Неколку играчи на Сити, вклучувајќи го и капитенот на клубот, беа присутни на забавите на кои присуствував и ги водев. Сите пиевме алкохол, сите имавме лежерни односи со жените, сите ги прекршивме ограничувањата за ковид-19.

Тоа не го оправдува моето однесување, но мислам дека е неправедно тоа што Манчестер Сити ме издвои како поединец и како тоа го направи. Разликата меѓу мене и другите играчи на Сити е во тоа што јас бев тој што беше лажно обвинет за силување и јавно понижуван“, изјави Менди за „Телеграф“.

Да потсетиме дека Кралскиот двор во Лондон летово го ослободи Менди од шест точки од обвинението за силување и еден обид за силување, кои наводно се случиле во октомври 2018 и 2020 година во неговата палата од 4 милиони фунти во близина на Манчестер.

Поранешниот репрезентативец на Франција, чиј договор со Манчестер Сити истекуваше на 1 јули 2023 година, заплака откако беше прочитана одлуката на поротата и излезе од судницата како слободен човек.

ИЗДВОЕНИ