ММФ:Најголема криза со храна од 2008 година

70
Судирот во Украина го наруши транспортот на житарки и вештако ѓубриво и предизвика најголема криза со храна од глобалната финасиска криза во 2007 и 2008 година, а околу 345 милиони луѓе се соочуваат со недостиг што им ги загрозува животите, соопшти денес Меѓународниот монетарен фонд.
Во новиот истражувачки извештај се проценува дека 48 земји кои се најизложени на недостиг на храна се соочуваат со вкупно зголемување на увозните трошоци за девет милијарди долари во 2022 година и 2023 година поради изненадното поскапување на храната и ѓубривата откако Русија отпочна специјална воена операција.
Ова ќе ги истроши резервите на многу чувствителни држави и на оние кои се зафатени од конфликтите, со оглед натоа што веќе имаат финансиски проблеми поради пандемијата и поскапувањето на енергенсите, наведува ММФ.

„Само во оваа година проценуваме дека на високоизложените земји им се потребни седум милијарди долари за давање помош на најсиромашните домаќинства“, објавија директорката на ММФ Кристалина Ѓеорѓиева и нејзините соработници.

ММФ повика на брзо зголемување на хуманитарната помош преку Светската програма за храна и останати организации, како и преку целни фискални мерки во погодените земји за да им се помогне на сиромашните.
Во документот се напоменува дека приоритетот за владите треба да биде борбата против инфлацијата.