Дождот се заканува да ги уништи расадите насадени оваа пролет. Токму затоа, неопходно е да се зајакнат, а тоа најдобро е да се направи со млеко, барем според зборовите на искусните градинари.

Овој производ што сите го имаме во фрижидер е одличен за заштита, но и за ѓубрење на градинарските билки и цвеќиња.

Млекото содржи калиум, калциум, сулфур, фосфор, магнезиум, бакар, манган, железо и други елементи што ќе им обезбедат на билките оптимален раст и ќе ги заштитат од болести, штетници и инсекти.

Во овој период, билките се подложни на појава на габички, а растворот од млеко е одлично средство за превенција, која дејствува така што создава заштитен слој.

Тоа е сосема доволна причина да го направите овој раствор и да му помогнете на цвеќето да цути пораскошно во текот на летото. Еве како се прави:

Најдобро е да користите свежо, а не трајно млеко. Само треба да ги измешате млекото и водата во сооднос 1:3. Со овој раствор попрскајте ги билките или цвеќињата, а најдобро би било да го направите тоа во вечерните часови.