„Младите доаѓаат“: Настап на талентирани ученици со Филхармонија

155

„Младите доаѓаат“ е насловот на концертот што во Филхармонија ќе се одржи утревечер (23 мај) во 20 часот.

Следејќи ја традицијата и оваа година со Филхармонијата ќе настапат млади, талентирани музички уметници, ученици од државните музички училишта во земјава, кои се избрани по пат на аудиција. Под диригентство на маестро Сашо Татарчевски, ќе бидат изведени дела од Крајслер, Виењавски, Дворжак, Бетовен, Монти, Маскањи, Штраус, Рахмањинов…

На годинашниот концерт „Младите доаѓаат“ како солисти ќе се претстават: Иван Милосов – виолина, Наоми Георгиевска – виолина, Танер Мачев – кларинет, Ева Живковска – соло пеење, Леонардо Димоски – виолина, Дани Жоговска – пијано, Сања Димова – соло пеење, Хелена Мочевиќ – соло пеење и Александра Гическа – пијано.