Младите гостиварци ќе се вклучат во проект за заштита на животната средина. За таа цел, денеска во Општина Гостивар беше потпишан меморандум за соработка меѓу локалната самоуправа и Здружението „Гоу грин“. Меморандумот опфаќа: поддршка во спроведувањето на активностите од проектот „Млади за климатска акција и одржлив транспорт“, кој е финансиски поддржан од агенцијата за развој „СИДА“ од Шведска.
– Со меморандумот се остварува и поддршка во прибирањето предлози за зелени општини и одржлив транспорт, подобрување на комуникацијата и транспарентност кон младите. Здружението „Гоу грин“ ќе дава и поддршка во имплементацијата на младинските проекти – наведуваат од Општина Гостивар.