Тајната на нивниот успех е тоа што не го земаат бракот здраво за готово
Актерката Мишел Фајфер, една од најатрактивните холивудски актерки и продуцентот Дејвид Е.Кели ја прославија нивната дваесет и седма годишнина во брак.
Во јануари 1993 година, пријателите организирале состанок на слепо за двајцата, кој не успеал, бидејќи сè се претворило во забава, а двајцата не си кажале ниту еден збор откако целото друштво завршило на куглање. Сепак, тој ја поканил во кино следната недела, а потоа почнале тајно да се забавуваат.
„Можеби затоа сè уште не ни е доволно и не кренавме раце од нас, бидејќи нашиот фокус отсекогаш бил на нешто друго. Но, тоа не значи дека го земаме бракот здраво за готово. Ние сепак, барем еднаш неделно, имаме мали, романтични излегувања за вечера. Само ние двајца“, изјавила актерката. Двојката има заедно две деца.