Мицкоски: Ќе донесеме ниски даноци и нови работни места – Македонија технолошки тигар на Балканот

67
Фото: Фејсбук
Фото: Фејсбук

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска беше во посета на компанијата Империјал од Брвеница.

-Среден бизнис кој обезбедува работа за стотина семејства од овој крај. Мора да се посвети многу поголемо внимание на домашните компании, кои може да се развиваат многу повеќе. Потребна е пријателска бизнис клима од државата, и добри услови за правење на бизнис. Во моментот државата нема план за поддршка и ги влошува условите со зголемените даноци, бирократијата која го гуши бизнисот, напиша Мицкоски на Фејсбук и додаде:

„Инаку сега имаме зголемени даноци и наплатени даноци за 4.5% пониско од планот. Парите на кои Владата се надеваше во буџетот ги нема, а ги има зголемените даноци кои ја намалуваат добивката на стопанството. Нашиот план за политика на ниски даноци и поддршка на бизнисот, отворање на нови работни места, Македонија технолошки тигар на Балканот. И тоа ќе го направиме. Потребни се промени кои Македонија ќе ја извлечат од економската и политичка бездна“.

https://www.facebook.com/media/set/?set=a.1181637915344999&type=1&l=8d30fabd8d