Мицкоски: Тврдам дека Христовски ги исполнува условите за директор на АНБ – ако антикорупциска го констатира спротивното, ќе преземам одговорност

80

Мицкоски ја повика Антикорупциска да го истражи случајот со наводниот лажен сертификат по англиски јазик на директорот на АНБ, Бојан Христовски.

Премиерот тврди дека исполнети се сите услови со новоизбраниот директор на АНБ и дека доколку има нешто сомнително, тоа може Антикорупциската комисија да го истражи и доколку надлежните институции утврдат дека тој имал лажен сертификат за ТОЕФЛ, Мицкоски ќе бара оставка од Христовски.

„Јас тврдам дека согласно закон сите услови се исполнети. Единствен кој што треба да констатира дали тие услови се исполнети е Антикорупциската комисија. Доколку констатира и еден милиметар, само да не биде како со мојот син, кога тераа кампања…можеа да се извинат ако беа барем малку чесни и доблесни“ изјави тој.

Тој нагласи дека конечно имаме систем кој што функционира и разбира зошто постојат дилеми во јавноста, бидејќи, како што рече досега системот функционирал само за СДСМ и ДУИ.