Мицкоски: Субвенциите редовно се исплаќаат, а се враќаат и заостанати долгови

11

Има редовна исплата на тековните субвенциите и враќање на стари долгови, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

– Во земјоделството наследивме исклучително тешка слика и големи долгови. Покрај редовната исплата на субвенциите, досега имаме вратено околу или нешто над една милијарда денари стари долгови. Очекуваме во следниот буџет уште една и веќе во 2026 година да се изедначиме со тековната исплата на субвенциите – изјави премиерот.

Премиерот подвлече дека пораките што доаѓаат од опозицискиот СДСМ се од незнаење и дека е шокиран од нив.

– Јас навистина повторно ќе кажам, шокиран сум од овие пораки, кои се темелат на незнаење, кои доаѓаат од СДСМ, но повторно ќе кажам, тие одбрале да водат таква политика, на нив е. Нашата политика е оваа – што е портретирана со дела, со проекти, со реформи, со развој – истакна премиерот Мицкоски.

Приоритет на Владата е поддршка на македонското земјоделство, затоа носиме мерки и проекти со кои ја враќаме надежта кај земјоделците.