Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар за состав на влада Христијан Мицкоски одржува прес-конференција во Собранието за предлог закон што ќе го достави група пратеници за дополнување на Законот за енергетика, по скратена постапка, со кои ќе се спречи зголемување на цената на струјата.

Со предложените измени треба да се овозможи да нема зголемување на цената на електричната енергија за домаќинствата и малите потрошувачи, за кои се подготвува нов ценовник од 1 јули.

Со Предлогот по скратена постапка треба да се изгласа цената на електричната енергија да не се зголеми за првата и втората група потрошувачи, додека за третата и четвртата тарифна група зголемувањето ќе биде од 1 до 2 проценти. Тој ги повика сите пратеници да гласаат за законските измени, бидејќи само така ќе се спречи и инфлаторната спирала.