Мицкоски: Преспанскиот договор е реалност, а за Договорот со Бугарија може да се репреговара!

75

 

Премиерот Христијан Мицкоски денеска со  коментар на изјавата на американската амбасадорка Анџела Агелер, која рече дека нема репреговарање на Договорите од Преспа и на договорот со Бугарија за влез во ЕУ.

„Договорот од Преспа ние кажавме уште пред многу години дека е реалност, и дека е дел од уставниот и правниот поредок на Република Македонија и не треба да се има дилема, а што се однесува до уставните измени, кои се дел од францускиот предлог, кој е додаток за Договорот за добрососедство со Бугарија. Јас сум рекол дека диктати и ултиматуми не преговараме, така што Договорот за добрососедтво штом е додаден, односно репреговаран со францускиот предлог, не гледам зошто да нема некој додаток плус да репреговараме за да го заштитиме македонскиот индетитет и да немаме повеќе услови за членство во ЕУ, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на американската амбасадорка Ангела Агелер дека  нема одново преговори ниту за Преспа, ниту со Бугарија за ЕУ.  

Нема одново преговори ниту за Преспа, ни со Бугарија за ЕУ. Тие договори се веќе направени, нема одново преговарање за напредок кон ЕУ,  изјави американската амбасадорка Анџела Агелер, викендов, во интервју за Радио Слободна Европа.

– Да бидам многу јасна, Договорот од Преспа беше апсолутно историски за државата. Знам дека беше исклучително тешко за многу луѓе во државата да прифатат промена на името. Но тоа беше меѓународен договор со кој тогашната влада и многу во меѓународната заедница се согласија. Ние секако бевме дел од тој процес и ние аплаудиравме. Тоа е нешто што ѝ помогна на Северна Македонија, сега да влезе во НАТО, и доби многу можности за да напредува во Европската Унија. Бевме многу задоволни што новиот премиер и неговите министри кажаа „Северна“ во заклетвата.Тоа е од клучна важност и е фундаментален дел од Договорот. Сега многу внимателно ќе следиме како се почитува. Но како што веќе кажав и кажавме дека со почитување на Договорот од Преспа, што е клучно, и секако има начин, и приоритетот за нас во Скопје, во Американската амбасада и за Вашингтон, е да се премине на многу од тие многу важни приоритети за кои треба да се зборува во оваа земја. Чувствувам дека има одредено количество на одвлекување на вниманието и собирање поени од тоа кој и што и кога кажал. Но важно е да се почитуваат меѓународните договори, за кои премиерот кажа дека ќе го стори и да одиме напред и да ги имаме многу важните разговори, изјави Агелер во интервјуто.

Грција и Бугарија веќе со денови ја држат Македонија во вкрстен оган . Реакциите од Грција по заклетвата на претседателката Гордана Сиљановска Давкова на стивнуваат, а властите во Софија изјавија дека се против нови преговори со Северна Македонија, откако Мицкоски изрази подготвеност пак да преговара, но и изјави дека никогаш нема да гласа за уставни измени.

-Ако се бара да има промена во уставот за неколку сограѓани кои се дел од бугарската заедница, тогаш треба да видиме што е со оние македонски граѓани во Бугарија. Треба да видиме зошто бараат внесување на Бугари во Уставот, дали се загрозени некои нивните човекови права и да видиме во Европа која е таа институција која треба да донесе дали некои права се прекршени или не се. Таа институција е судот за човекови права во Стразбур. И ако видите на семафорот, така да се изразам спортски, ќе видите дека е 14-0 во наша корист. Односно 14 пресуди за македонската заедница во Бугарија, чии права се нарушени, и нула за бугарската заедница во Македонија, значи не се нарушени нивните права. Така што мора да има политика која нема да се темели на двојни стандарди. Сè додека сум ја премиер немам намера да водам политика со двојни аршини. Човекот политичар кој во 21 век вели дека е европски, а ги укинува човековите права на една заедница, притоа вели дека ние сме биле против бугарската заедница, тоа е политика на средниот век. Ние ги почитуваме тие неколку стотици граѓани кои велат дека се дел од бугарската заедница, но бараме и бугарскиот претседател да ги почитува првата на македонската заедница во Бугарија, изјави денеска премиерот  Мицкоски.