Мицкоски од Будимпешта: „Оптимист сум за нашата иднина, се бориме за нашите аргументи и вистината која е незаобиколива“

27

Премиерот Христијан Мицкоски во Будимпешта изрази оптимизам за македонската европска иднина, нагласувајќи ја посветеноста за зачувување на државните интереси.

На маргините на Самитот на Европската политичка заедница во Будимпешта, премиерот се сретна со францускиот претседател Емануел Макрон. Главна тема на разговорот беше одблокирањето на патот на Македонија кон Европската Унија, со фокус на соработката и можностите за унапредување на евроинтегративниот процес на земјата.

Премиерот Мицкоски, по средбата со Макрон, рече дека нивниот разговор бил отворен и конструктивен, при што се разговарало за значењето на интеграцијата на Македонија во ЕУ и можностите за надминување на пречките кои го забавуваат овој процес.

„Оптимист сум за нашата иднина“, рече Мицкоски.

Но, Македонија засега не ги реализираше уставните измени.

„Очекуваме Северна Македонија да го промени Уставот како што вети, ништо повеќе и ништо помалку“, изјави кандидатката за нов еврокомесар за проширување, Марта Кос.

Нејзиниот став е дека земјава мора да го промени Уставот за да продолжи на нејзиниот пат кон Европската Унија.