Мицкоски од Берлин: Решение само со јасен крај – членство на Македонија во ЕУ

28

Премиерот Христијан Мицкоски во изјава за МТВ вечерва од Берлин порача дека побарал решение за откочување на евроинтеграциите со, како што рече, јасен крај, а тоа да биде членство на Македонија во ЕУ.

Мицкоски рече дека Македонија како народ и држава има дадено премногу отстапки изминатите децении и дека заслужува шанса да ги започне преговорите и да ги отвора поглавјата.

– Останувам подготвен да разговарам со било кого за да изнајдеме решение кое што ќе значи на долг рок вистинско решение со јасен крај – а крајот треба да биде членство на Македонија во Европската унија, истакна премиерот.

Тој во рамки на „Берлинскиот процес“ оствари средба со канцеларoт Олаф Шолц. Заедно со останатите премиери на држави од земјите на Западен Балкан вклучени во Берлинскиот процес беше потпишан Акциониот план за заеднички регионален пазар за 2025-2028 година.