Дали Унгарија е земјата од која нашата држава ќе повлече заем до една милијарда евра, Мицкоски не потврди, но одговори дека граѓаните многу наскоро ќе ја дознаат.
-Заемот до една милијарда евра под исклучително поволни услови, кој би се повлекол со друга држава, на ниво влада со влада, за финансирање на лошите договори на актуелната влада, државите кои ги спомнуваа не се тие“ Се работи за европска држава, која граѓаните многу наскоро ќе ја дознаат, напомена Мицкоски.
Во врска со осигурувањето на автомобилите, тој го повтори ставот дека не е добро државата да ги диктира пазарните услови.
-Пристапот каде што државата ќе ги диктира пазарните услови според мене не е добар. Ценам дека владата треба да овозможи амбиент во кој бизнисот ќе се чувствува комотно да води бизнис, а политичарите да водат политика. Треба да ги видиме сите детали. Информациите со кои располагаме и кои доаѓаат од институциите се дека се случува буквално грабеж во Македонија. Повеќе од 85 отсто од буџетскиот дефицит планиран за цела година веќе е потрошен. Мислат дека на тој начин ќе ја отежнат работата на новата влада, но како многу пати досега, се преигруваат, рече Мицкоски.