Мицкоски: На лидерската ќе зборуваме и за предвремени избори

57

Опозицискиот лидер Христијан Мицкоски најавува дека на утрешната средба со премиерот Зоран Заев повторно ќе го отвори и прашањето за предвремените избори. Средбата коајшто е закажана за неделата вечерта во Владата, се очекува да биде одлучувачка за судбината на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

Мицкоски потсети дека досега неколкупати опозициската партија бараше предвремени избори, но, како што рече, власта изнаоѓала изговори тоа да не го прифати, поради стравот од губење на изборите.

Мицкоски вели дека не средбата „ќе се разговара за реформските закони, за иднината на СЈО, за политичкиот прогон и за сѐ она што актуелно и суштински важно за граѓанитена Република Македонија“.

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, рече дека лидерската средба ќе започне утревечер во 20 часот во Владата.