Мицкоски: Идната коалиција ќе биде на база програма со програма

65

– Животот не е игра, во животот има принципи кои ако еднаш се прекршат тогаш веќе не се принципи. И во име на тоа можам да ви кажам дека политиките што ги води ВМРО-ДПМНЕ се темелат на принципи и бидејќи овој принцип еднаш е прекршен во едно ТВ  интервју веќе кажавме дека идната коалиција ќе биде на база на програма со програма и тој принцип не го менуваме,  рече Мицкоски, коментирајќи ја можноста за коалицирање со Демократската унија за интеграција од каде што пак најавуваат коалицирање на на партиите што ќе бидат победници во македонскиот и во албанскиот политички блок.

За коалицирање, истакнува Мицкоски, доаѓа во предвид секој оној чијашто  политичка програма ќе биде компатибилна со програмата на ВМРО-ДПМНЕ за којашто ќе се согласат на принципиелна основа и така  ќе функционираат следните четири горидини.