Мицкоски: Жалам што Ахмети ја спореди партијата со гума за спасување, очекував поголема креативност

67

Премиерот Христијан Мицкоски денеска порача дека ДУИ пополека се навикнуваат на опозиција, коментирајќи ја изјавата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, со која ја повика Влен да излезе од Влада и да се приклучи на опозицијата.

Како што посочи премиерот, жали што ДУИ и лидерот Али Ахмети ја споредиле партијата со гума за спасување.

-ДУИ полека но сигурно се навикнува како опозициска партија. Жалам што раководството на ДУИ и Али Ахмети ја споредија својата партија и членовите со гума за спасување, очекував поголема креативност. Но, тоа е што е. Им посакувам опозициски денови во коишто ќе се реформираат, ќе можат да го најдат својот програмски идентитет, исто така кадровски да се реформираат со нови свежи кадри па можеби на некои од следните избори ќе се појават со поинаков пристап од оној којшто го гледавме изминативе повеќе 20 години, пристап во којшто главна цел беше што повеќе да се украде, главна цел беше што повеќе да се направат пакости на граѓаните, истакна Мицкоски.