Мицкоски ги повика сите пратеници во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

42

Претседателот Христијан Мицкоски ги повикал сите пратеници во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ на седница на Извршниот комитет на партијата и состанок со пратеничката група.

Од партијата велат дека во текот на денот тие ќе одржуваат постојани состаноци на кои ќе се разговара за актуелната состојба поврзана со уставните измени.

Седницата на Собранието е одложена за во 15 часот бидејќи како што информираат од Собранието треба да има уште една средба на премиерот Зоран Заев со лидерот на тетовското  крило на БЕСА , Билал Касами.