Мицкоски: Германските стопанственици гледаат огромен потенцијал во Владата, очекуваме да се реализираат големи инвестиции

27

Продуктивен состанок, ефикасна и надежна дискусија е впечатокот на претседателот на Владата Христијан Мицкоски и на претставниците од Стопанската комора на Германија (OA-Ost-Ausschuss der Deutschen Wirtschaft) кои денеска остварија средба во Берлин.

На состанокот, како што соопшти владината прес-служба, биле промовирани инвестициските можности и капацитети во државата, а странските компании изразиле интерес за нови инвестиции во државата.

– Голем дел од компаниите коишто беа присутни на овој состанок се веќе присутни со свои производни погони кај нас. Имаше и такви компании коишто недвосмислено изразија желба да инвестираат кај нас и да бидат присутни на македонскиот пазар. Нормално, разменивме детали за понатамошен контакт и мислам дека многу скоро од денеска ќе бидеме посетени, ќе ги отвориме преговорите за можно нивно инвестирање. Наша цел како Влада уште од самиот почеток беше подготвување на инвестициската клима и зголемување на инвестициската активност на компаниите не само домашните и на странските исто така. Мислам дека во Германија ова е исклучителна голема можност, имајќи предвид дека нашата трговска размена надминува повеќе од пет милијарди евра – изјавил премиерот Мицкоски.

Дел од претставниците на германската Стопанска комора посочиле дека очекуваат да ги зголемат нивните капацитети во нашата држава.

– Разговаравме за прашања поврзани особено со енергетиката и инфраструктурата, како и за фармацевтските производи и дигитализацијата, која е многу важна тема во дискусијата. Време е за следење, така што со нетрпение очекуваме да ги зголемиме нашите активности во Северна Македонија. Германија доживува одредени потешкотии во нашиот економски развој така што малку потпишуваме. Германија е сè уште една од најголемите економии во светот и она што ни помага е локалната стратегија на германскиот бизнис. Порано произведувавме сѐ во Германија и ги снабдуваме светските пазари, а сега германските компании одат во регионот и произведуваме во регионот – истакнал Мајкл Хармс.

Андреас Шоле посочил дека развиваат проекти на ветерни електрани.

– Источно од Куманово, го започнавме овој проект пред неколку години, но бевме заглавени. Сега со поддршка на премиерот и неговата Влада, гледаме дека има навистина огромен потенцијал што можеме да тргнеме напред многу брзо и така нашата инвестиција може да се реализира многу брзо. Така што се надеваме во мандатниот период дека ќе можеме да исполниме сè, а можеби дури и да започнеме со нашето производство на електрична енергија – изјавил Шоле.

Емилија Царева, ПроКредит Банка Германија, како што е наведено во соопштението, изразила благодарност што можеле да бидат дел од средбата со премиерот на Македонија.

– Малите и средните претпријатија за Владата на Северна Македонија, а исто така и за нас се целта и столбот, како на секоја економија. Ние 20 години ги поддржуваме претпријатијата. Многу ја цениме поддршката на Централната банка и Владата на Северна Македонија, ПроKредит банка во Македонија ги поддржува инвестициите на малите и средните претпријатијата. Одржливата економија, инвестициите во обновливи извори на енергија, беа денешни теми како и дигитализацијата во земјата – изјавила Царева.

Претставникот од Дојче Телеком, како што е наведено во соопштението од владината прес-служба, посочил дека условите за странски инвестиции се многу добри.