Мицкоски: Беспредметно е сега да се испраќа писмо до ЕУ

21

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека сега е беспредметно да се испраќа писмо до Европската унија затоа што вели се она што требало да биде содржано во писмото веќе е разговарано со лидерите од Европската унија и со претседателката Урсула Фон дер Лајен која во четвртокот беше во посета на земјава. Во изјава за медиумите дадена денеска во општина Аеродром, премиерот рече дека позицијата на земјата е јасна и дека за да почне процесот на уставни измени потребно е бугарскиот Парламент да го ратификува Пристапниот договор на нашата држава за влез во Европската унија.