Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ утре во 20,15 часот ќе гостува на Македонската телевизија на дебата со претставниците на националните телевизиски медиуми.
„Со задоволство ја прифатив понудата на уредништвото на МТВ за телевизиска дебата, интервју со претставниците на националните телевизиски медиуми. Сметам дека транспарентноста и подготвеноста за дебатирање за најважните прашања, ќе им овозможи на граѓаните појасно да ги воочат и оценат состојбите, ставовите и предизвиците на нашата земја.
За сите мои ставови, за крахот во економијата и разобличувањето на лажните ветувања од Владата, за името, двојазичноста, изборите, за НАТО и ЕУ и за сите други теми, Ве поканувам да гледате МТВ во понеделник во 20:15 часот“ објави Мицкоски на социјалните мрежи.