Раководните лица на италијанскиот калчолигаш Рома и на лондонскиот премиерлигаш Арсенал седнаа на преговарачката маса, а тема на дискусија е трансферот на ерменскиот интернационалец Хенрик Михтаријан.
Искусниот играч за врска моментално настапува како позајмен играч на „Олимпико“, а раководните лица на Рома сакаат да го откупат неговиот договор на крајот од актуелната сезона. Челниците на Арсенал се подготвени да стават крај на соработката, но понудата за обесштетувањето не смее да биде помала од 20 мил. фунти.