Михаел Шумахер несомнено е еден од најголемите спортисти во историјата. Долго време немаше многу информации за возачот кој одбележа една цела епоха во Формула 1. Уште во 2013 година имаше несреќа на скијање по што падна во кома, а за неговата здравствена состојба не се знае многу.
Шумахер на 3 јануари наполни 54 години, а оваа зима ќе ја помине на прекрасниот имот на Мајорка, барем така објави германскиот магазин „Die Bunte“. Имено, Корина решила да започне нов живот со својот сопруг Михаел во прекрасна вила вредна 27 милиони фунти.
Покрај вилата, која некогаш била во сопственост на претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, семејството Шумахер купило и имот вреден 2,3 милиони фунти. Во моментов на имотот има маслинови дрвја и изронети згради, а се верува дека Корина ќе се обиде да го поправи сето тоа.
Вилата нуди прекрасен поглед кон морето и брегот, а опремена е со два големи базени, хелиодром, како и сета медицинска опрема потребна за лекување на Михаел Шумахер. Иако не се знае многу за неговата состојба, но факт е дека тој не е истиот како пред несреќата.
Во 2021 година, во документарец на Нетфликс, Корина даде ретки информации за здравјето на нејзиниот сопруг.
- Ми недостига Михаел. Ми недостига мене, на децата и на сите околу нас. Ни недостига Михаел, но тој е тука, различен, но тој е тука. Тоа ме тера да бидам силна секој ден, истакна тогаш Корина, а потоа додаде:
- Живееме заедно дома. Правиме терапија. Правиме се што можеме за Михаел да биде подобар и да му биде удобно. Сакаме едноставно да го натераме да го почувствува нашето семејство, нашата врска. И без разлика на се, ќе дадам сè од себе.
За Шуми е познато и дека е во инвалидска количка, а тоа го откри неговиот пријател, поранешен возач кој исто така заврши парализиран по несреќа, Филип Штрајф.
- Како и јас, тој е парализиран во инвалидска количка. Има проблеми со меморијата и говорот, откри пред неколку години Филип.
Инаку, синот на Михаел, Мик, тргна по стапките на татко му и се натпреварува во Ф1 караванот.