Мистеријата за 13 мртви бебиња откриени во замрзнувач во Краљево полека се разрешува

77

Од 13 тела на бебиња, кои биле во замрзнувач во Општата болница во Краљево, девет од нив се родени мртви, едно е пронајдено во депонија, а преостанатите три се бебиња од абортуси, вели доктор Зоран Мрвиќ, в.д. директор на Општата болница во Краљево.

Токму овие бебиња од абортуси се посебна категорија. Тие се носат на свет  со намерно предизвикано породување, често имаат 100 до 200 грама и колку и да звучи сурово, медицински не се сметаат за бебиња, туку за патохистолошка материја“, објаснува доктор Мрвиќ.Како што вели докторот патохистолошките материјали не се погребуваат.

„По закон тие се палат како патоанатомски отпад. Од 13 тела на бебиња, три припаѓаат во оваа категорија“, вели доктор Мрвиќ.

Едно бебе е најдено во депонија и тој случај е испитан и решен, а преостанатите девет се родени мртви или починале набрзо после породувањето, пренесува докторот.

Како што веќе пишувавме членовите на државната комисија за исчезнати бебиња во Србија, во замрзнувач во Општата болница во Краљево пронашле тела на 13 бебиња. Заменикот на општата болница Драган Краљевиќ објасни дека станува збор за бебиња коишто родителите не сакале да ги преземат и самите да ги закопаат, што според законот не е ни нивна должност.