Средниот бек на македонската ракометна репрезентација Филип Миркуловски и официјално го игра последниот натпревар во националниот дрес.
Тој се врати да и помогне на Македонија на патот на смена на генерации, а вечерашниот дуел во СЦ „Борис Трајковски“, против Чешка е последен за него.
По тој повод Ракометната федерација на Македонија (РФМ) во знак на благодарност му подари врамен дрес.
За збогувањето на Кирил Лазаров и уште неколку ракометари беше најавено за следните квалификациски мечеви.