Минов: Има решение и за каматите и судските трошоци на лозарите

44

Има решение и за каматите и судските трошоци на лозарите кои побаруваат пари за грозје продадено пред неколку години, истакна денеска пратеникот Панчо Минов, откако претходно министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски во Кавадарци соопшти дека државата ќе го исплати стариот долг што го имаат винарници кон лозарите.

– По однос на каматите и судските трошоци, побарувањата на лозарите остануваат пред винариите. Тој проблем нема да биде запоставен и нетретиран. Има решение и за тоа. Има решение и во делот на договорите во кои дваесет проценти мораа да го земаат во пестициди. И тоа го презема државата и тоа се третира како долг. Голема работа се постигна благодарение на соработката меѓу повеќе субјекти. Во буџетот за 2019 година има предвидено средства за оваа работа, нагласи Минов.

Тој изрази благодарност до премиерот Зоран Заев и министерот Николовски. Посака ваквите проблеми од минатото, да не се повторат. Задоволство од постигнатото изрази и претседателот на Здружението „Напредни лозари”, Трајче Кулев.