Министри, политичари, бизнисмени…Кој сè дојде на приемот кај г.г. Стефан?/Фото галерија

122

На денешниот прием организиран од архиепископот охридски и македонски, г. г. Стефан, а по повод Рождеството Христово – Божик и празникот на св. првомаченик Стефан, присуствуваа премиерот Зоран Заев, вицепремиерот и министер за економија Кочо Анѓушев, министерот за здравство Венко Филипче, вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, како и други претставници на владата, политичари и бизнисмени…