Министерот за здравство Фатмир Меџити информира дека на стартот на идната 2024 година, на 5 јануари, ќе го објави тендер за като-систем. По негово распишување ќе биде потребно време за да се најде едуциран кадар кој ефективно ќе работи. За таа цел на Клиниката за онкологија ќе бидат обучени 15 медицински сестри. Системот бил купен во 2017 година и чинел повеќе од 350 илјади евра, но заради тоа што немало соодветен кадар не се употребувал.

 

До 5 јануари ќе се распише тендер за като-систем, а по негово распишување ќе биде потребно време за да се најде едуциран кадар кој ќе работи ефективно. Министерот за здравство Фатмир Меџити уверува дека ќе се најдат 15 медицински сестри кои ќе работат на овој систем. Тој е свесен дека е потребно време за да се едуцира кадарот, но тврди дека нема да отстапат од решавање на проблемите.

-До 5 јануари ќе биде распишан тендерот за КАТО системот на Клиниката за онкологија. Потребен е едуциран кадар кој треба квалитетно ефективно да работи. Тој кадар што бил обучен за КАТО на Клиниката за онкологија и конечно да почне да работи како што треба, за да не се соочуваме подоцна со непредвидени последици и работи што не сме ги планирале. Затоа сакаме многу концизно да постапуваме, рече Меџити.

Овој системот се користел за терапиите на пациентите на Клиниката за онкологија и радиотерапија, за да правилно се дозираат лековите и терапијата. Но тој не функционира, заклучен е во просторија во рамките на клиничка аптека. Системот бил купен во 2017 година и чинел повеќе од 350 илјади евра, но заради тоа што немало соодветен кадар, не се употребувал.

На прашањето ќе најдат ли 15 сестри да се обучат за КАТО, Меџити одговори потврдно.

-Ќе најдеме сè што треба, но ни треба време за тоа, ама нема да отстапиме од ништо. Во секојдневното наше работење гледате дека не е како порано, работите се движат во добар правец, рече министерот за здравство. 

На прашање дали онколошките пациенти по Нова година ќе имаат терапија и дали постои ризик повторно да има недостиг, министерот Меџити е дециден дека се надева дека до тоа да дојде.

-Работиме да не постои ризик, за што мислам дека ќе издејствуваме и од ФЗОМ и од сите да нема таков проблем. Но, знаете, на ниво на државата и на ниво на светот во глобално ниво секогаш има дефицит на некои материи на лекови и овие ни укажале дека може да се случи, но како и да е секогаш постои замена и ние сме тука, будно ги следиме сите препораки и од СЗО и да немаме ваков дефицит – вели Меџити.

 Децата да се заштитат од мали сипаници

Министерот за здравство апелира до родителите  да ги вакцинираат децата против морбили и да ги заштита од оваа овој вид сипаници.

– Секојдневно работиме на оваа проблематика. Имаме соработка со УНИЦЕФ, со УСАИД, со поддршката на ЕУ, одиме од „врата до врата“ за имунизација против морбили. Имунизиравме некаде од три до 3.600 пациенти. Имаме досега пратено околу осум илјади вакви патокази. Нормално е дека треба да се работи, треба луѓето да се убедуваат, нема друг излез, истакна министерот.

Владата да одобри трајни вработувања: За да не ни бега медицинскиот кадар во странство

Министерот Меџити рече дека е потребна поголема свесност и од Владата во однос на проблемот со губењето на медицински персонал. Па така, за потребата од трајни вработувања на вработените на дело во здравствените установи тој посочи дека ќе издејствува трајни вработувања.

–Вработувањето на медицинскиот кадар е мојата слаба точка. Верувајте, многу тешко одат овие преговори и морам да признам. Но, нема да отстапам и реков како министер за здравство,на Влада пред една недела и вчера им кажав дека нема да направам компромис како министер за здравство со никого и до крај ќе издејствувам за овие лица да бидат вработени со трајни решенија. Вчера ја отворив и темата за приватните специјализанти кои веќе добиваат околу 30 илјади денари од Министерството за здравство кои биле вклучени за време на ковидот што било потребно и сакам и овие да ги вработиме за да утре немаме миграција на здравствени работници т.е. на лекари и да ги задржиме и да го ублажиме во регионалните градови и места кај што имаме дефицит, нагласи Меџити.

Додаде дека поради овој проблем државата губи здравствени работници.

-Замислете, некој ќе треба да заврши 5-6 години специјализација и ти на крај да го пуштиш туку така да оди на запад, да каже пријатно, значи немам никаква обврска кон државата и за ова сакав да ги сензибилизирам и навистина им држев едно предавање убаво како што држиме ние лекарите на медицински факултет за да им кажеме на сите во Влада дека здравството е сензитивна работа. На крај на денот сите еден ден ќе бидеме пациенти и за тоа да се повикаат на својата свест сите членови на Влада. Со мене како министер и со заменичката нема друг излез. Мора да си најдат решение, рече Меџити.

Оцени дека проблем се финансиите и дека како држава која се стреми кон ЕУ потребно е итно решавање на ваквите проблеми.

(В.Ма.)