Минималната плата во БиХ ќе се зголеми од 300 на 600 евра

49
epa06170179 A worker counts Euro banknotes at a money exchange company in Peshawar, Pakistan, 29 August 2017. The Euro jumped against the US dollar on 29 August recording $ 1.2 for the first time in 18 months. EPA-EFE/ARSHAD ARBAB

Федерацијата Босна и Херцеговина воведува фискални реформи, кои ќе ја зголемат минималната плата на над 600 евра, речиси двојно повеќе од сегашната.

Со новиот сет закони, работодавците ќе бидат ослободени од дел од придонесите, со што се очекува позитивно влијание врз економијата и врз намалувањето на црниот пазар. Минималната плата во Федерацијата БиХ во моментов е 619 марки, односно околу 310 евра.

Покрај минималната плата од 1.200 марки, се планира и закон за фискализација, кој ќе воведе централен систем за контрола на финансиските трансакции, насочен кон спречување на даночното затајување и заштита на работниците со пониски приходи.